CYBER
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

CYBER

FORUM ZA ZABAVA
 
HomeБарајLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 ПРАВИЛА!!!

Go down 
АвторПорака
bama
администратор
администратор
bama


Број на мислења : 39
Registration date : 2007-04-19

ПРАВИЛА!!! Empty
ПишувањеПредмет: ПРАВИЛА!!!   ПРАВИЛА!!! Icon_minitimeЧет Апр 19, 2007 10:39 pm

Правила на форумот

Пораките на форумот претставуваат ставови и мислења на авторите, а не на сопствениците на овој форум или администраторите CYBER
не одговара за содржините на пораките или ставовите изнесени во нив (ставовите изјаснети на овој форум од страна на авторите не треба да се земаат како факт бидејќи се продукт на сопствениот ум на авторите и се нивни лични ставови, кои секако се косат со некои од ставовите и мислењата на другите, а ставени се на овој форум за дебатирање на одредена тема.). Сите пораки се сопственост на авторите.

Пораките кои содржат навреди, закани, вулгарности, порнографија, отворени клевети или повикување на насилство, како и сите пораки кои администраторите ги сметаат за непристојни, ќе бидат избришани. Ова ги вклучува (но не се ограничува) сите облици на национална, расна, верска, сексуална или било каква омраза.

Не е дозволено повторно отворање на теми (topics) кои се веќе отстранети или затворени од модераторите.

Пред да напишете пост, проверете дали темата (или слична на неа) е претходно дискутирана на форумот. Одберете наслов кој најдобро ќе ја опише темата за која би сакале да дискутирате.

Ве молиме да се придржувате до содржината на темата. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока можат да бидат избришани или префрлени во друга тема.

Потрудете се вашите постови да бидат рационални и обмислени. Постови и топици кои од модераторите се проценети како неадекватни ќе бидат избришани, а на членовите кои често ги испраќаат ќе им биде одземен налогот.

Не е дозволено никакво пропагирање, вклучувајќи политичко, религиозно и комерцијално.

Користете свои зборови. Ако сакате да ги користите зборовите на некој друг, тогаш цитирајте ја личноста со наводници. Плагијатот не е етички и воедно е кривичен прекршок во многу земји.

Не линкувајте до сајт кој има сексуално ориентирана содржина или пак содржина која може да се смета за непристојна. Секој пост со непристоен линк ќе биде избришан, а на членот што го напишал ќе му биде изречено предупредување.

Членовите на форумот можат меѓусебно да комуницираат преку приватни пораки. Ве молиме да ја почитувате приватноста на останатите членови и да не испраќате приватни пораки, освен ако навистина не е потребно.

Не е дозволено користење на повеќе од едно корисничко име. Домејн имиња во налогот не се дозволени.

Не е дозволено користење на материјали кои се заштитени со авторски права.

Одговарајте разумно на коментарите и бидете пристојни во секое време. Конструктивната критика е добредојдена, но навреди упатени кон другите членови на форумот нема да бидат толерирани.

Ви препорачуваме да не оставате лични информации за себе (број на телефон, адреса и сл.). Истотака, не оставајте податоци за останатите корисници на форумот. Ве молиме да не шпекулирате и околу идентитетот на другите членови.

Корисници од други држави се добредојдени. Можете да користите било кој јазик, но не очекувајте дека сите ќе ве разберат.

Ако чувствувате дека некој од постовите ги прекршува овие правила, пријавете го тоа на bama_sr@hotmail.com

Сопственикот на форумот НЕ СЕ ОБВРЗУВА да ги образложи своите причини за отстранувањето на пораките и го задржува правото да ги избрише налозите на корисниците кои ги кршат горенаведените стандарди.
Вратете се на почетокот Go down
 
ПРАВИЛА!!!
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CYBER :: Правила !!! :: Правила !!!-
Отиди до: